Музичарот Кање Вест најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД.
Раперот и добитник на Греми соопшти дека работи на неговата претседателска кампања за 2024 година, заедно со десничарот Мајло Јанопулос.
„Благодарам, прифаќам“, изјави 45-годишниот Кање во видео објавено во неделата, запрашан дали официјално ја објавува својата кандидатура.
Раперот се кандидираше како независен кандидат и на претседателските избори во 2020 година и доби околу 70.000 гласови во 12 сојузни држави.
Последниве неколку седмици, Кање Вест се најде во центарот на различни контроверзии поради антисемитски коментари. Неговите профили на Instagram и на Twitter минатиот месец привремено беа недостапни, а од Adidas ја прекинаа соработката со него.