Казни од 5.000 евра во Грција за лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан COVID-19

Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан COVID-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан COVID-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација, предвидена е парична казна од 5.000 евра.

Конкретната мерка доаѓа по откриениот скандал со над 40 фиктивни вакцинации, внесени во системот за вакцинирање во болницата во Палама поширокиот регион на грчкиот град Кардица.

Казни се предвидени и за приватните здравствени центри, установи за грижа на лица итн, доколку имаат невакциниран вработен, а работодавачот ќе треба да плати казна од 10.000 до 50.000 евра, која при повторна проверка и втора казна се зголемува на 20.000 до 200.000 евра.

Во доставениот амандман, меѓу другото, вклучена е и измената на одлуката за здравствените работници кои не се вакцинирани и од 1 септември се на неплатен принуден одмор, а сега им се дава можност за враќање на работа доколку ја примат првата доза од вакцината.

Паралелно, најдоцна до 30 септември задолжително треба да бидат вакцинирани и студентите по медицина, кои следат пракса во државните или приватните болници.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе