Ќе почне најголемата воена вежба на НАТО во 2022, Русија известена навреме

Б.С.Б.
/ 12.03.2022 / 09:00

Додека беснее војната во Украина, НАТО и сојузниците во понеделник ќе почнат со воени вежби во Норвешка, планирани пред да се случи руската инвазија во Украина.

Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 бродови од 27 земји ќе учествуваат во вежбата наречена Cold Response 2022, најголемата на НАТО годинава.

Маневрите ќе им овозможат на НАТО членките да ги усовршат борбените вештини во студената норвешка клима, вклучително и Арктик, на земја, на море и на небо, пренесе AFP.

Вежбата ќе се одржи неколку стотици километри од руската граница. Иако беше планирана пред инвазијата во Украина, сега доби и дополнително значење поради војната.

„Оваа вежба е исклучително важна за безбедноста на Норвешка и нејзините сојузници. Ние ќе вежбаме сојузничко засилување на Норвешка“, изјави за AFP норвешкиот министер за одбрана Од Рогер Еноксен.

Нагласи дека вежбата не се одржува поради нападот врз Украина. Норвешка сака да тестира како ќе управува со сојузничките засилувања на нејзина територија, во склад со член 5 од повелбата на НАТО кој бара од државата членка да притекне во помош на друга држава членка, која е нападната.

Соседните Шведска и Финска, кои официјално се воено неутрални, ќе учествуваат во вежбата која ќе заврши на 1 април.

За да се избегне какво било недоразбирање, Норвешка ја извести Русија за оваа вежба дефинирана како чисто дефанзивна, затоа што маневрите ќе се одржат на одредена оддалеченост од руската граница.

Русија го одби повикот да испрати свои набљудувачи додека трае воената вежба.

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе