Ќе се поедноставува постапката за поставување соларни панели

Скопје, 27 мај 2022 (МИА) – Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се работи на законско решение и подзаконски акти кои наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието и кои ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави.

– Во „Осломеј“ е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 ќе бидат на приватни инвеститори, едниот од Бугарија, едниот од Турција коишто на основа на јавно-приватно партнерство и ќе ги изградат на старите наоѓалишта во „Осломеј“, изјави Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“, одговарајќи на новинарско прашање за инвестициите во фотоволатици.

Тој најави и дека се поедноставуваат постапките што ќе им овозможат на граѓаните да инсталираат фотоволтаични централи на своите покриви.

– Веќе е во изработка законско решение коешто прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа. И тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал, а второто е правилата за приклучување коишто исто така се во надлежност на Министерството за економија и на коишто се работи, при што ќе се обезбеди електричната енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот, рече Ковачевски.

Министерството за финансии, како што најави, веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издаде фактура за домаќинството коешто не е даночен обврзник.

– Со тие решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати, колку што е предлогот, како и дуплирање на капацитетот за компаниите коишто сакаат да стават на своите покриви, ќе се олесни постапката, односно ќе имаме постапка која што ќе биде идентична со постапката и процедурите во западноевропските држави каде што најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи иако ние како држава имаме многу подобра сончева инсулација за разлика од западноевропските држави, изјави Ковачевски.

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Македонија

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Read more

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Read more

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Read more

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Read more
 

Вести

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Читај повеќе

Илјадници во Косово протестираа против судењето на командантите на ОВК во Хаг

Читај повеќе

Силен земјотрес во Босна, почувствуван и во Далмација

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Читај повеќе

Глумците ПЕАТ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син

Читај повеќе

Кина забрзано гради нуклеарни подморници

Читај повеќе