УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Хандановиќ: Во Лига Европа сакаме да одиме до крај

За единицата на Интер рестартот на сезоната во Лига Европа е шанса тимот конечно да дојде до трофеј, прв интернационален по 10 години.

Откако ја освои Лигата на шампиони и Светското клупско првеснтво во 2010 година, Интер нема освоено трофеј надвор од Италија. Всушност, ни во Италија не може да се пофали со многу титули бидејќи последната ја освои во 2011 и тоа Копа Италија.

Вечерва продолжува прекинатата сезона во Лига Европа, а „Нераѕурите“ ќе играат против претставникот од Ла Лига, Хетафе.

„Ова е важно натпреварување и знам дека сите екипи ќе влезат мотивирани бидејќи е голема шанса за сите. Мислам дека ние се движиме во вистинскиот правец, физички и ментално и сме подготвени да дадеме сѐ од себе. Не би знаел колку далеку тоа може да нѐ однесе, но сите мора да бидат свесни дека сме тука, дека сме подготвени и дека сакаме да одиме до крај“, вели Самир Хандановиќ, голманот на миланската екипа.

Словенецот е на голот на Интер од 2012 година. Сезонава на вкупно 44 натпревари во сите натпреварувања прими исто толку голови, а на 14 ја зачува мрежата незатресена. По корона-паузата, одбраната на Интер често киксираше и лесно примаше голови, но во последните 4 натпревари не прими ниту еден гол.

„Нашата најсилна страна е што одбраната делува навистина цврсто, физички и ментално. Тоа го покажавме на последните неколку натпревари, но таа цврстина беше во нас и претходно. Целиот тим цели кон тоа да не прима голови. И, како и секогаш, трениравме напорно како тим, заедно, така и станавме посилни. Направивме една лукавост на терен која ќе биде круцијална во Лига Европа“, вели тој.

Со оглед на новонастаната ситуација сезонава, Интер и Хетафе ќе одиграат само еден осминафинале натпревар, наместа традиционалните два дома и гости. Вечера ќе се игра на неутрален терен во Гелзенкирхен, на „Фелтинс-Арена“, домот на Шалке 04.

Хандановиќ сѐ уште нема освоено трофеј со Интер.

реклама

Ветерани на ОВК го блокираа седиштето на организацијата и фрлаа флаши кон припадниците на ЕУЛЕКС

Read more

Еротски колаж

Read more

Искрени илустрации во кои ќе се препознае секоја девојка

Read more

20-годишно момче загина во несреќа на Галичица

Read more

Фудбал

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Read more

На која позиција ќе игра Бејл под Мурињо?

Read more

Шкендија - Тотенхем низ фотографии

Read more

Флик славеше, Лопетеги оптимистичен и во поразот

Read more

Спорт

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Читај повеќе
  • play_arrow

„Кралот“ и Лејкерс сигурно чекорат кон финалето на НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

На која позиција ќе игра Бејл под Мурињо?

Читај повеќе
  • filter

Шкендија - Тотенхем низ фотографии

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик славеше, Лопетеги оптимистичен и во поразот

Читај повеќе

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Читај повеќе
  • play_arrow

Упорната Шкендија му даде гол на Тотенхем, но сепак се збогува од Лига Европа

Читај повеќе

Лазаров и Манасков забележаа победи со своите екипи во ракометната Лига на шампиони

Читај повеќе

Ибра: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја

Читај повеќе