Холандија ја прекинува вакцинацијата со AstraZeneca за луѓе под 60 години

Холандија вчера привремено ја прекина вакцинацијата со AstraZeneca за лица помлади од 60 години, по смртта на жена која примила ваква вакцина, соопшти холандското Министерство за здравство.

Околу 10.000 датуми за вакцинација се откажани по одлуката за прекинување на употребата на вакцината AstraZeneca за таа возрасна група, објави новинската агенција ANP.

Одлуката е донесена врз основа на нови извештаи од агенцијата за следење на лекови Lareb и разговори со здравствените власти, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Холандската агенција Lareb, која ги следи несаканите ефекти на лековите, претходно вчера соопшти дека добила пет извештаи за случаи на згрутчување на крвта поврзани со тромбоцитопенија откако биле вакцинирани со AstraZeneca, вклучувајќи ја дијагнозата на починатата жена.

Lareb тврди дека здравствените проблеми се случиле седум до 10 дена по приемот на вакцината и дека станува збор за жени на возраст од 25 до 65 години.

Lare вели дека извештаите за случаи во Холандија се слични на оние во остатокот од Европа.

Привремениот прекин на вакцинацијата на возраст под 60 години со вакцината AstraZeneca ќе трае до 7 април, односно до датумот кога Европската агенција за лекови (ЕМА) треба повторно да даде насоки.

Одлуката за прекинување на вакцинацијата беше донесена откако Германија го стори истото претходно оваа недела.

Вкупно 1,2 милиони случаи на коронавирус и повеќе од 16.500 смртни случаи се пријавени во Холандија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе