Ким Џонг Ун: Воено се засилуваме за самоодбрана, не за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека развојот на оружјето во неговата земја е во функција на одбраната од непријателските политики на САД и военото зајакнување на Јужна Кореја што го дестабилизира полуостровот, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на државни медиуми.

„Пјонгјанг ја зајакнува својата војска во самоодбрана, а не за да почне војна“, рече Ким во говор на воена изложба, пренесе севернокорејската агенција KCNA.

Ким говорот го одржа стоејќи пред разновидното оружје, што ја вклучи и интерконтиненталната балистичка ракета „Хвасонг-16“ . Таа е најголемата севернокорејска балистичка ракета што беше претставена лани во октомври на воена парада, но не е тестирана.

-Не зборуваме за војна со никого, туку за спречување и одвраќање на војната со цел да се заштити националниот суверенитет, рече Ким.

Северна Кореја ја забрза ракетната програма, а аналитичарите велат дека исто така почнала со проширување на главниот нуклеарен реактор, што го користи за производство на гориво за нуклеарни бомби. Иако САД изразија подготвеност за одржување дипломатски преговори во секое време со Северна Кореја, Пјонгјанг изрази незаинтересираност се додека Вашингтон ја продолжи политиката на санкции и воена активност во Јужна Кореја.

-Тешко е да се поверува во тврдењата на САД дека нема непријателски чувства кон Северна Кореја кога сме сведоци на нивните погрешни проценки и постапки, рече Ким.

Тој додаде дека и опасните напори на Јужна Кореја да ја засили војската го уништуваат воениот баланс на Корејскиот полуостров и ја зголемуваат нестабилноста и опасноста.  

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе