Наука
Историски потфат

Кинеско вселенско летало слета на темната страна на Месечината

3. јануари 2019 - 12:47 | Б.С.Б.

Кинеското вселенско летало Chang’e-4 успешно слета на темната страна на Месечината. Станува збор за прва таква мисија во историјата.

Кинеската национална вселенска агенција го лансираше Chang’e-4 со ракетата Long March-4C од југозападот на Кина. Веднаш по слетувањето на темната страна на Месечината роверот ги испрати и првите фотографии.

Научниците од НАСА се импресионирани од достигнувањето, кое претставува огромен чекор во истражувањето на вселената.

Целта на мисијата е детално мерење и истражување на минералниот состав на Месечината. На темната страна се наоѓаат неспоредливо повеќе кратери, а научниците не можат да сфатат зошто е тоа така.

Коментирај