Кличко: Обновено греењето во замрзнатиот Киев

„Греењето е целосно обновено во Киев по последното руско бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, изјави Виталиј Кличко.

„Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, напиша Кличко на апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлинска енергија во главниот град е целосно обновен. Сите извори на топлинска енергија работат нормално“, напиша Кличко.

Украинските власти соопштија дека Русија истрелала повеќе од 70 проектили во петокот во еден од најжестоките напади од инвазијата на 24 февруари, предизвикувајќи прекин на електричната енергија низ целата земја и прекин на пристапот до греење и вода.

Температурите во Киев и многу места низ Украина изутринава беа под нулата, а до вечер се прогнозира живата во термоматарот главниот град да се спушти до минус 6 Целзиусови степени.

Киев е убедливо најголемиот град во Украина со проценето население од околу три милиони жители, а уште два милиони живеат во регионот на Киев. Од вчера третина од градот остана без струја.

Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО, фирма што го снабдува Киев со електрична енергија, изјави доцна синоќа дека снабдувањето со електрична енергија се зголемува секој час.

„Ситуацијата останува тешка и критична“, објави Коваленко на Facebook. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе