Клоп ги шокираше сите: Во јуни заминува од Ливерпул

Филип Здравески
/ 26.01.2024 / 12:57

Германскиот стратег денеска објави дека на крајот од сезоната ќе се збогува со тимот од „Енфилд“.

Завршува ерата на Јирген Клоп во Ливерпул. Славниот Германец денеска објави видео порака каде откри дека донел одлука да стави крај на неговиот престој.

Како причина за заминувањето од клубот, кој го води од крјот на 2015 година, наведе дека повеќе нема енергија.

„Ќе го напуштам клубот по крајот на сезоната. Можам да разберам дека ова е шок за многу луѓе во моментов, но можам да објасанам. Сакам навистина сѐ во овој клуб, но чувствувам дека немам веќе енергија“, рече меѓу другото Клоп, а видеото го објави самиот Ливерпул.

URL

Откако седна на клупата на популарните „Редс“ во октомври 2015 година, успеа на клубот да му донесе 7 титули, меѓу кои и најважната за навивачите, онаа во Премиер лигата во сезоната 2019/2020, прва за тимот по цели 30 години. Воедно, ја освои и Лигата на шампионите во 2018/2019, а ги загуби финалињата во 2017/2018 и 2021/2022. По еднаш триумфираше во ФА купот, Комјунити шилд, Лига купот, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првентсво.

Тоа е навистина крај на една ера.

Англиските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат кој би можел да го наследи, а засега излегоа имињата на Шаби Алонсо, Стивен Џерард, Жозе Мурињо и Антонио Конте.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе