Кога е идеално време за купување авионска карта?

Сигурно некогаш сте се запрашале кое време е најдобро за купување на авионска карта, со цел таа да биде најевтината во тој период.

На ова прашање никој не успеваше да даде најпрецизен одговор, барем не досега. Порталот „CheapAir“ штотуку ги објави резултатите од едно опсежно истражување на оваа тема и даде неколку интересни одговори.

Истражувачите проверија и анализираа 350 милиони цени на повеќе од 3.000 различни пазари, па дознаа кое време е идеално за купување на најповолна авионска карта. Најбаран е периодот кога цените на картите за одредената рута се во распон од пет отсто, од најниската можна цена на картата.

Светот е поделен на типични региони кои се одликуваат со слични услови и цени. Така, на пример, истражувачите утврдија дека за Карибите е најповолно да се купи карта во јануари по завршувањето на ударната туристичка сезона.

За оваа дестинација исто така се покажа дека најповолните карти обично се купуваат 207 дена пред летот.

Оние кои патуваат во Канада, најевтина карта ќе најдат 66 дена пред планираниот лет. Во просек, најниската цена за повратна карта до Канада изнесува 427 американски долари.

Доколку пак се одлучите да патувате во Мексико и Централна Америка, најевтино ќе поминете 80 дена пред планираниот пат, додека за пат во Јужна Америка, најидеално е да си купите карта 110 дена однапред.

Кога станува збор за европските дестинации, купувањето на карти е најдобро да се избегне во јуни и јули, бидејќи тогаш е ударната туристичка сезона, па секако дека и картите имаат значително повисока цена.

Идеално време за купување на авионска карта, кога зборуваме за некоја европска дестинација, е 160 дена пред планираното патување.

Најмногу труд е потребен за да си обезбедите авионска карта до Азија, Блискиот Исток, Африка и Јужен Пацифик.

Идеалниот период за купување карта за овие дестинации се движи од 120 до 199 дена однапред, но со препорака дека за поединечни дестинации треба да бидете исклучително внимателни, бидејќи цените можат да варираат и до 100 долари, а ова посебно се однесува за Африка и Блискиот Исток, пишува магазинот „Travel“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Магазин

Зошто жените повеќе сакаат мажи со брада?

Зошто жените повеќе сакаат мажи со брада?

Read more
Искрени илустрации во кои ќе се препознаат сите родители со мали деца

Искрени илустрации во кои ќе се препознаат сите родители со мали деца

Read more
Кога е идеално време за купување авионска карта?

Кога е идеално време за купување авионска карта?

Read more
10 актери и актерки кои се фантастични пејачи

10 актери и актерки кои се фантастични пејачи

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе