Кои биле 9-те музи на хеленската митологија и какви моќи имале?

Музите биле составен дел од уметничкиот развој на древна Хелада, а на нив им се обраќале сите уметници и научници.

Според хеленската митологија, музите биле извор на инспирација за сите уметници и научници. Тие биле ќерки на Ѕевс и Мнемозина, а својот живот го започнале својот како нимфи.

Се манифестирале како шепот на увото на тој што ги повикувал. Античкиот писател Хесиод ги направил познати низ светот како 9 музи: Калиопа, Клио, Ерато, Евтерпа, Мелпомена, Полихимнија, Талија, Терпсихора и Уранија.

Музите биле составен дел од уметничкиот развој на древна Хелада, а старите Хелени ги обожавале сѐ додека христијанството не станало доминантна религија во Европа.

Секоја од музите е поврзана со свој уникатен уметнички облик и знаење:

Евтерпа (Ευτέρπη) - заштитничка на музиката и лириката

Опишана како „многу пријатна“ и „онаа со пријатни дарби“, Евтерпа е музата на музиката, особено на флејтата. Обично е претставена со круна од цвеќиња во косата и пиколо во рацете, иако често е претставена со виолина, гитара и тапани.

Таа е мајка на Ресо, воин кој, според хомеровата „Илијада“, умрел во Троја од рацете на Диомед.

Ерато (Ερατώ) - заштитничка на љубовната лирика

Според хеленската митологија, Ерато била инспирација за писателите на поезија, особено за романтичната поезија. Во античко време била подарувана со ловоров венец, но уште од ренесансата во уметноста е претставувана со круна украсена со мирта и рози.

Во рацете носела цитра, мал инструмент налик на лира, измислен од Хермес.

Таа е прикажана и со две грлици кои ѝ колваат пред нозете. Понекогаш е претставена во друштво на богот Ерос.

Калиопа (Καλλιόπη) - заштитничка на епската поезија и ораторството

Калиопа е најстарата од музите. Хесиод особено го истакнал нејзиниот висок статус меѓу музите, истакнувајќи дека таа „шетала меѓу кралевите“. Била сопруга на Еагар и мајка на Орфеј и Лина.

Во приказните ја нарекувале и „онаа со прекрасниот глас“ затоа што го научила Ахил на уметноста на пеењето.

Калиопа е претставена како млада жена со прекрасен изглед. Носела златна круна и била украсена со венци. Во едната рака држела труба, а во другата свиток пергамент.

Клио (Κλειώ) - заштитничка на историјата и јуначката поезија

Клио е муза на историјата. Во левата рака носи труба, а во десната книга напишана од Тукидид и често се поврзува со земјината топка. Начинот на кој се претставува во историјата ја симболизира историјата, која ги опфаќа сите места и времиња.

Мелпомена (Μελπομένη) - заштитничка на трагедијата

Мелпомена е позната како една од двете музи на театарот. На почетокот била муза на пеењето и музичката хармонија, но со текот на времето станала позната како муза на трагедијата.

Крунисана со дијадема, Мелпомена е прикажана во раскошни фустани, а во раката држи со маска од трагедија.

Според легендата, Мелпомена била мајка на сирените. Легендите велат дека таа имала сè: убавина, пари и машка наклонетост - но не била среќна, што во суштина е олицетворение на трагедијата на која таа била заштитничка.

Полихимнија (Πολυύμνια) - заштитничка на светите песни и химни, земјоделството и пантомимата

За создавањето на лирата е заслужна музата на лирската поезија, светите песни и химни, Полихимнија. Таа е позната и како муза на земјоделството, пантомимата, геометријата и реториката.

Полихимнија ја преобразувала верата во музика пропуштајќи ги химните со спокојство.

Обично се прикажувала облечена во бело и потпирајќи го лактот на пиедестал или карпа. Понекогаш била претставена со синџир во рацете, што ја претставува моќта што ја имала над ораторството.

Талија (Θάλεια) - заштитничка на комедијата и буколика

Талија е една од двете музи на театарот, онаа што инспирира комедија и го евоцира светот на природата.

Талија била претставена како насмеана, весела млада жена со исмејувачки израз на лицето; нејзиниот главен атрибут била маската на комедијата. Нејзиното име значи „цветање“.

Терпсихора (Τερψιχόρη) - заштитничка на танцот и хорското пеење

Терпсихора се поврзува со поезијата и танцувањето. Била прикажана како витка млада жена со весел и лесен став.

Нејзината глава била украсена со круна од цвеќиња, а свирела на лира. Нејзината мајка била една од сирените кои ги заведувале морнарите со своите песни во хомеровата „Одисеја“.

Уранија (Ουρανία) - заштитничка на астрономијата

Уранија, музата на астрономијата и астрологијата, е најмладата од деветте музи. Се претставувала во син фустан со глобус, на кој со шетар ги мерела позициите.

Носела круна од ѕвезди и имала математички инструменти под нозете, поради што многумина ја сметаат и за муза на математиката.

Нејзиното име инспирирало многу опсерватории и астрономски групи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе