Кои новитети ги носи Android 14?

Android е мобилен оперативен систем, кој е најпопуларен во светот по број на корисници, а наскоро добива нова верзија.

Google планира да ја претстави следната верзија на својот мобилен оперативен систем, Android 14, на 10 мај. Новата верзија на платформата треба да има подобрувања во перформансите и батеријата, безбедноста и приватноста.

Во моментов, Android 14 е во фаза на тестирање и само инсајдери имаат пристап до развојната бета верзија. Функциите што ќе ги наведеме подолу можеби нема да се достапни во финалната верзија на Android 14, но еве на што работи Gogole во моментов.

Подобрени перформанси на батеријата - Google работи на контрола на потрошувачката на батеријата на Android, што ќе го промени начинот на кој системот ги контролира задачите во заднина, како и преземањата и поставувањата. Има и опција која проверува колку време корисникот поминал пред екранот од последното полнење на батеријата.

Подобрена поддршка за големи екрани – Ќе има повеќе и подобро оптимизирани апликации кои ќе можат да работат на стандардни телефони, преклопни уреди и таблети.

Подобрена безбедност - Android 14 нема да дозволи инсталирање на постари апликации, создадени за Android 5.1 или претходни верзии на софтвер. Ќе има и подобра поддршка за отклучување уреди со биометриски методи.

Блокирање пристап до фотографии и видеа - Android веќе има опција за кои апликации можете да го блокирате пристапот до сите фотографии и видеа, а Android 14 ќе има опција која ќе овозможи пристап до поединечни фајлови.

Има и опции за префрлање на поголеми фонтови кои одат до 200% (Android 13 понуди опција за зголемување на фонтови до 130%), како и можност за активирање на осветлена камера или екран кога ќе пристигнат нови известувања.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе