Кои се најчестите симптоми на делта сојот на коронавирус?

Од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, симптомите на болеста се менуваат со појавата на нови соеви.

Делта варијантата се прошири низ целиот свет, а заболените се борат со симптоми кои се разликуваат од оние кои досега најмногу ги поврзувавме со COVID-19.

Начинот на кој вирусот ја предизвикува болеста зависи од два фактора. Едниот е вирусен и вклучува стапка на репликација, начин на пренесување и слично. Вирусните фактори се менуваат како што се развива вирусот. Вториот фактор зависи од носителот на вирусот и на тоа може да влијаат возраста, полот, лековите, исхраната, стресот, здравјето и така натаму.

Според податоците од Обединетото Кралство собрани преку апликација во која самите корисници пријавуваат симптоми на болеста, се чини дека симптомите на ковид се променети во споредба со оние предизвикани од оригиналниот сој од Вухан.

Треска и кашлица се вообичаени симптоми на ковид од почетокот на пандемијата, додека други пациенти пријавија главоболка и болка во грлото. Сите овие симптоми се јавуваат кај пациенти заразени со делта сојот. Но, течење на носот досега не се споменуваше како симптом, а тоа се смени со новата варијанта на вирусот. Губењето на чувството за мирис на почетокот на пандемијата беше еден од најчестите симптоми на коронавирус. Кај заразените со делта варијантата, овој симптом се наоѓа дури на деветто место.

Промените во симптомите исто така може да бидат поврзани со вакцинацијата. Имено, повеќето стари лица се вакцинирани против ковид, па сега помладите се разболуваат во поголема мера. Тие обично ги имаат погоре споменатите поблаги симптоми на болеста.

И промените во самиот вирус можат да влијаат на промената на симптомите. Но, сè уште не е целосно јасно зошто симптомите на болеста се менуваат со новата варијанта, пишува Science Alert.

Делта варијантата е позаразна

Досегашните податоци покажуваат дека делтата варијанта на коронавирусот е позаразна во однос на оригиналниот вирус, но исто така и во однос на другите раширени варијанти.

Научниците сметаат дека делта сојот исто така е попренослив од другите соеви. Експертите посочуваат дека е потребно да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе за да се заштитат, а производителите на униформни вакцини велат дека нивните вакцини се исто така ефикасни против делта варијантата.

Ако забележите какви било симптоми кај себе, дури и ако станува збор само за затнат нос, треба да направите тест за COVID-19.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе