Која чест: Мачу Пикчу отворен специјално за заглавен јапонски турист

Јапонец кој пред седум месеци дошол во Перу за да го види древниот град на Инките останал заробен поради пандемијата, а конечно само за него властите овозможија пристап до Мачу Пикчу.

Познатиот град во Перу лоциран високо во облаците се отвори прв пат по месеци минати во локдаун и тоа специјално за само еден турист.

Џеси Такајама уште во март стигнал во Перу и тоа со намера да го посети токму градот на Инките. Короноварусот тогаш ја почна пандемијата, аеродромите се затворија, а тој остана заглавен во Перу. Локалните туристички власти кога слушнале за лошата судбина на Такајама, одлучиле да му дозволат да го посети градот за кој и дошол и тоа организирајќи тура само за него.

Овој 26-годишен тренер по бокс од градот Нара имал во план да помине само неколку дена во Перу, но останал со месеци. Заглавил во грдаот Агуас Калиентес, најблискиот до Мачу Пикчу.

„Мислев дека нема да можам да отидам, но фала ви на сите кои ургиравте кај градоначалникот и кај властите. Ми ја овозможивте оваа неверојатна можност“, вели Такајама.

„Тој беше дошол во Перу сонувајќи да го посети градот. Му беше овозможено да отиде во Мачу Пикчу заедно со нашиот престпоставен за градот и сега може мирно да се врати во својата земја. Ние сѐ уште сме во средина на пандемијата“, рече Алехандро Нејра, министер за култура на Перу.

„Првиот човек на планетава кој го посети Мачу Пикчи по локадаунот сум јаааааааас. Ова е навистина неверојатно! Ви благодарам“, објави Такајама на Instagram.

реклама

Чек дис аут

Лошо преведени персиски извори го кријат вистинското потекло на Александар Велики

Read more

26 милиони долари во кеш на маса за работниците: Нека земе кој колку сака

Read more

Што ќе биде различно во поместувањето на часовникот оваа пролет?

Read more

Како би изгледал вселенски брод дизајниран засекогаш да однесе 2.400 луѓе од Земјата?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе

Опасни комбинации на суплементи што треба да се избегнуваат

Читај повеќе

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Читај повеќе

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Читај повеќе

Што да појадувате за да го одржите стабилен шеќерот во крвта? 

Читај повеќе

Токсично однесување со кое си ја убивате врската

Читај повеќе
  • filter

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Читај повеќе

Скандинавски метод на спиење: Дали ќе ви ја спаси врската?

Читај повеќе