Колку калории треба да внесувате ако имате над 30 години и не вежбате?

А.С.
/ 31.03.2022 / 19:17

Што е урамнотежена исхрана и каква храна содржи таа?

Тоа е исхрана која му обезбедува на вашето тело доволно хранливи материи за правилно функционирање. За да знаете дека се храните здраво, најголемиот дел од калориите што ги внесувате во вашето тело треба да потекнуваат од следната храна:

- свежо овошје и зеленчук

- цели зрна

- јаткасти плодови

- чисти протеини

- мешунки

Количината на калории во храната е мерка за количината на енергија содржана во неа. Калориите се трошат со одење, размислување, дишење и други важни функции.

Во телото треба да се внесуваат околу 2.000 калории дневно, но тоа зависи од различни фактори како возраста, полот и физичката активност. Мажите генерално треба да внесуваат повеќе калории од жените.

Ви ги пренесуваме детерминантите на американското Министерство за земјоделство (USDA) за тоа колку калории треба да се внесат во организмот.

- деца од 2-8 години: 1000 - 1400 калории

- девојчиња на возраст од 9-13 години: 1400 - 1600 калории

- момчиња од 9 до 13 години: 1600 - 2000 калории

- активни жени 14 - 30 години: 2400 калории

- помалку активни жени на возраст од 14 - 30 години: 2000 - 3000 калории

- активни мажи и жени над 30 години: 2000 - 3000 калории

- неактивни мажи и жени над 30 години: 1600 до 2400 калории

Извори на калории

Изворот на калории е исто толку важен како и бројот на калории што ги консумирате. Треба да ја ограничите потрошувачката на празни калории, што значи да ја елиминирате храната што има мала или никаква хранлива вредност. USDA ги дефинира празните калории како калории кои доаѓаат од шеќер и цврсти масти, како што се:

- колбаси

- колачи

- сирења

- крофни

- енергетски пијалоци

- пица

- сладолед

Зошто е толку важна урамнотежената исхрана?

На нашето тело му требаат одредени хранливи материи за да функционира правилно, без кои телото е повеќе склоно кон болести, инфекции, замор... Децата кои не јадат правилно може да имаат развојни проблеми, а лошите навики во исхраната веројатно ќе го негуваат низ остатокот од нивниот живот.

Американскиот научен центар објави 4 од првите 10 причини за смрт во САД предизвикани од лошата исхрана:

- кардиоваскуларни заболувања

- рак

- срцев удар

- дијабетес

Како да се храниме здраво?

Јадете храна која не содржи премногу масти и шеќер, но е полна со витамини, минерали и други хранливи материи. Медитеранската исхрана е дефинитивно една од опциите со кои не можете да погрешите. Овој тип на исхрана вклучува висок внес на зеленчук, овошје, сина риба, маслиново масло и низок внес на црвено месо. Во прехранбената пирамида на оваа диета темелите ги држат овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, маслиновото масло, семките, јаткастите плодови, гравот, мешунките.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе