Колку ќе ве чини замена на батеријата на електричен автомобил?

Не е евтино.

Цените на заменските батерии за електричните автомобили достигнуваат вртоглави суми. Едно се гаранцијата и гарантните рокови, кои обично се до осум години или 250.000 поминати километри, но што после тоа, кога возачите се препуштени сами на себе?

Холандскиот Autoweek спроведе анкета во која ги праша сервисите колку чини замена на батерија за одредени модели.

Од Tesla, на пример, не стигна одговор, а цените не ги објавуваат ни Audi, Fiat и Opel. Дури и Volkswagen не може или нема да даде точни цени на батериите за замена.

Новата батерија за моделите од семејството ID на Volkswagen (ID.3 и ID.4) би требало да чини меѓу 10.000 и 15.000 евра. За постарите модели базирани на платформата MQB, цената на e-Golf и e-Up е помеѓу 10.000 и 20.000 евра.

Флуктуирачките цени се последица на сложеноста и бројот на артикли, изјави портпаролот на Volkswagen.

Mercedes е еден од ретките големи производители кој е транспарентен. Батеријата за EQA чини 15.209 евра, за EQS 19.603 евра, а за EQV новиот пакет чини 27.230 евра.

Заменската батерија за Smart EQ ForTwo и Smart EQ ForFour треба да чини 6.538 евра.

Honda наплаќа 7.283 евра за замена на батеријата за електричниот модел Honda e. Замена на батеријата за Dacia Spring чини 6.770 евра.

Цените за Renault Zoe, Kangoo ZE и Twingo Electric се околу 9.000 евра по „парче“. За лесниот градски автомобил Twizy батеријата чини околу 4.000 евра.

Nissan наплаќа 10.306 евра за помала батерија за моделот Leaf (40 kWh) и 15.516 евра за голема батерија (62 kWh).

Така, во зависност од големината на батеријата, замената може да биде прилично скапа, што не е на одмет ако, на пример, планирате да купите користен електричен автомобил.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе