Менаџерот на Барнли, Белгиецот Венсан Компани, изјави дека наредниот месец точно ќе знае кога македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе му се врати на фудбалот.
Чурлинов на почетокот на јуни преживеа вистнска драма кога поради сепса беше хоспитализиран во Белград.
„Закрепнувањето на Дарко е вистинско чудо. Бевме подготвени за најлошото сценарио, дека долго ќе отсуствува. Сè уште не можам прецизно да кажам кога ќе се врати, но ако продолжи вака тоа ќе биде многу брзо“, рече Компани.