Пазарот на паметни телефони полека закрепнува по повеќе од две години пад и стагнација.
Глобалната продажба на паметни телефони се зголеми за 5 отсто на годишно ниво во октомври, за прв пат во 27 месеци, објави агенцијата за истражување на пазарот Counterpoint со седиште во Хонгконг.
„Лидери на растот се пазарите во развој на Блискиот Исток и Африка, а растот беше поддржан и од враќањето на Huawei во Кина и почетокот на сезоната на годишни одмори во Индија“, се вели во соопштението, пренесено од CNBC.
Apple iPhone 15 се појави на пазарот на крајот на септември, а првите ефекти од продажбата се почувствуваа во октомври.
Поразвиените пазари, каде што има заситеност во продажбата на паметни телефони, бележат побавно закрепнување, додаваат од Counterpoint.
Врз основа на овие резултати, агенцијата очекува глобалниот пазар на паметни телефони да расте од година во година во четвртиот квартал од 2023 година и постепено да закрепнува во текот на следните квартали.