УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Конте: Ова не може да се споредува со киксот лани против Славија

Интер не успеа со победа да ја почне новата сезона во Лигата на шампионите и слично како лани, почна со кикс на домашен терен.

Минатата сезона во најквалитетното клупско натпреварување Антонио Конте ја почна со бламажа дома. Играше против прашка Славија која дојде до 1:1 во Милано. Исто како и синоќа, Интер се спасуваше од порази, вчера со гол во 90-та, а лани со гол во судиското надполнување.

„Не верувам дека може да се споредува овој натпревар со она што се случи лани против Славија кога не успеавме да одиграме добро. Напротив, сега игравме добро против солидна екипа. Го предизвикавме противникот на фудбал, а не ми текнува Самир да имаше некоја интервенција. Создадовме многу шанси. Не можам да им го променам фудбалското размислување на играчите, но дефинитивно можеме да се подобриме и да научиме од грешките“, рече стратегот на „Нераѕурите“.

На само 4 часа до почетокот на синоќешниот натпревар Конте доби шокантна вест: латералниот бек Ашраф Хакими е позитивен на коронавирусот и не смее да игра.

„Не беше едноставно да се прими веста дека Хакими не смее да игра. Сѐ до утрината тренираше со нас и беше во план да игра. Веќе имавме подготвено тактика со него во тимот“, се жали Конте.

Проблем плус беше и тенката клупа. Конте имаше единаесетмина на клупата за резерви, но повеќето од нив беа резервисти и младинци. Роберто Гаљардини, Ашли Јанг и Милан Шкринијар се исто така позитивни на COVID-19.

„Нажалост немавме многу опции на клупата. Бастони имаше само два тренинга со тимот, додека Брозовиќ имаше проблем со мускулот. Потоа, Сенси се повреди, а Наинголан само еднаш тренираше. Згора на сѐ моравме Санчес да го замениме на полувреме поради проблем со адукторот. Ќе ја следиме неговата состојба“.

Неизбежно е прашањето за Кристијан Ериксен кој повторно доби шанса од првата минута, но беше заменет во 79-тата. Летоска беше во немилост кај Конте, ретко играше од почеток и покрај очекувањата на навивачите.

„Како и целиот тим и Ериксен одигра добро, покажа голема посветеност и труд. Побарав од него да биде порешителен со топката. Како и неговите соиграчи, она што го одигра беше позитивно“, рече Конте.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе