КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Конте: Пласман во финале се добива за 180 минути

Вечерва во Милано се игра првиот полуфинален натпревар во Копа Италија, а се среќаваат вечните и лути ривали Интер и Јувентус.

Две недели по Дерби д'Италија играно во рамките на Серија А во кое Интер победи со 2:0, денеска следува ново, исто такво дерби, но во купот.

Од 20:45 часот „Нераѕурите“ го пречекуваат Јувентус во првиот полуфинален натпревар. Антонио Конте очекува добра партија, но смета дека овие 90 минути нема да го дадат победникот.

„Против еден толку силен тим мора секогаш да се биде на високо ниво. Мора да одиграме одличен натпревар и да бидеме навистина продуктивни. Пласманот во финале се игра за 180 минути, но и првиов натпревар е важен. Минатата сезона против Наполи во полуфиналето загубивме 1:0 дома и потоа не успеавме да направиме пресврт без разлика што одигравме одлично на 'Сан Паоло'. Едноставно, мора да бидеме одлични и да се обидеме да дадеме сѐ од себе“, рече тој.

Голем хендикеп за Интер ќе биде отсуството на голгетерот Ромелу Лукаку кој поради кавгата со Златан Ибрахимовиќ во четвртфиналето заработи жолт картон кој му донесе автоматска суспензија. Неговото место ќе го пополни Чилеанецот Алексис Санчес.

„Не е прв пат да ни недостасува Ромелу, но тука ќе биде Алексис заедно со Лаутаро и убеден сум дека ќе одиграат добро. Ромелу е добар, тоа го покажа на терен, даде два гола со Беневенто, а сега ќе има можност да одмори против негова воља поради санкцијата“, вели Конте.

Можно е повторно шанса од почеток да добие и Кристијан Ериксен, кој како замена од клупата го реши победникот против Милан.

„Ериксен е одлично момче, напредува многу и се обидуваме да работиме многу со него и не само да најдеме едно решение, туку повеќе, за да има можност, како тој така и јас, а и тимот да има алтернатива на која ќе можеме да сметаме“.

Реваншот е точно за една недела.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе