Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора положен во катедралата во Единбург

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора е положен во катедралата Сент Џајлс во Единбург.

Поворката која тргна од палатата Холирудхаус ја предводеше британскиот крал Чарлс Трети, а со него беа и неговата сестра Ана и браќата Ендрју и Едвард, како и сопругот на принцезата Ана, вицеадмиралот Сер Тим Лоренс.

Во автомобилот зад нив беа кралицата сопруга Камила и Софи, грофицата од Весекс, сопругата на принцот Едвард.

Неколку илјади луѓе оддадоа последна почит на кралицата по патот од палатата до катедралата.

Откако беше положен во катедралата, врз ковчегот беше поставена и круната на Шкотска. 

Историски гледано, круната се користела во церемонии за да го претстави присуството на суверенот.

Круната ја постави Александар Даглас-Хамилтон, 16-тиот војвода од Хамилтон и ќе остане таму додека илјадници Шкоти оддаваат почит на починатата кралица.

Се очекува големи голем број луѓе да ја посетат катедралата, каде на ожалостените ќе им биде дозволено да поминат покрај ковчегот на кралицата до утре попладне.

На црковната служба за благодарност на кралицата во катедралата во Единбург присуствува и британската премиерка Лиз Трас, првата министерка на Шкотска Никола Старџен, како и претставници на советот, членови на вооружените сили, воени ветерани, судски и конзуларни функционери.

Има и претставници од различни шкотски добротворни организации на кои кралицата исто така беше покровител – како што се Chest Heart & Stroke Scotland, Royal National Mòd, Кралскиот шкотски национален оркестар и Шкотската фудбалска асоцијација.

Како што пренесе BBC, меѓу присутните има луѓе од уметноста, спортот, службите за итни случаи и верски групи. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе