Кози ѝ пркосат на гравитацијата качувајќи се по брана
Познато е дека честопати го користиме изразот „козји патеки“ кога опишуваме некое тешко пристапно место, но за качувањето по брана не одговара ниту тој израз.
Снимката е направена на брана во Италија која е речиси вертикална, а козите сепак се качуваат по неа.
Браната е изградена од камен кој содржи минерали кои, пак, ги привлекуваат козите и токму поради тоа го прават овој „ненормален“ потфат кој ѝ пркоси на гравитацијата.