Ладна салата со пилешко - идеална за жешките денови

Салатите како главно јадење се идеален оброк, особено во лето кога поради високите температури многу луѓе не сакаат тешка и мрсна храна.

Ладната салата со пилешко содржи совршен сооднос на месо и зеленчук, а по подготовката може да се чува во фрижидер ден-два, што ве спасува од готвење за време на горештините.

Потребни состојки:

  • 150 гр пилешки гради
  • 40 гр тестенини
  • 2 тврдо варени јајца
  • 3 листови зелена салата
  • 50 гр авокадо
  • 80 гр чери домати
  • 2 лажици јогурт
  • сушен магдонос
  • сол
  • бибер
  • кокосово масло

Подготовка:

Пилешкото се сече на тенки парчиња, се зачинува со сол и бибер и се пржи на малку кокосово масло. Сварете ги тестенините, како и јајцата.

Авокадото и чери доматите исечкајте ги на коцки и ставете ги во сад. Додадете ја зелената салата исечена на помали ленти. Кога пилешкото и тестенините ќе се изладат, додадете ги во салатата. Тврдо варените јајца исечкајте ги на помали парчиња и додајте ги и нив.

Сè убаво измешајте, по потреба додадете сушен магдонос и сол и прелијте со две лажици јогурт.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе