Лана дел Реј пее за теориите на заговор за авионско запрашување во новата песна
Американската пејачка Лана дел Реј го објави спотот за „Chemtrails Over The Country Club“, песна од истоимениот седми студиски албум.
Албумот требаше да излезе во септември, 2020 но тоа беше одложено поради пандемијата на COVID-19. Лана му остана доследна на нејзиниот меланхоличен звук и на лесните мелодии, а спотот изобилува со хорор мотиви.