Хаос каков што не се гледа често во Шпанија по Ел Класико во кое Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2.
Тимот од Мадрид со оваа победа практично ја обезбеди титулата, со 11 бодови предност. Сепак, најголемо внимание и бес се крена во Каталонија кога беше одлучено по ударот на Ламин Јамал дека топката не ја минала гол-линијата.
По тој повод се огласи и претседателот на Барселона, искусниот Жоан Лапорта, кој го коментираше судењето на главниот судија на споменатиот натпревар, Сесар Градо.
„Како клуб сакаме да бидеме сигурни што се случило и затоа ве известувам дека Барселона веднаш ќе ги побара од судиската комисија на Шпанската федерација сите постоечки снимки и аудио снимки од таа ситуација. Доколку, откако клубот ја заврши анализата на документацијата, Барселона заклучи дека е направена грешка во споменатата ситуација, ќе ги покренеме сите чекори за да ја поништиме таа ситуација, а не исклучуваме правни процеси. Доколку се потврди дека голот бил регуларен, ќе одиме чекор понатаму и не отпишуваме дека може да бараме реприза, како што се случи неодамна на европски натпревар (Андерлехт - Генк) поради грешка на ВАР“, рече Лапорта.