Лажен фудбалер измами српски клуб: Приложи фотографија од дресот на Манчестер Сити

Една навистина луда фудбалска приказна овој пат ни пристигнува од соседна Србија, каде се измамени челниците на второлигашкиот клуб Слобода.

Во фудбалскиот клуб Слобода минатата сезона пристигна играч од Зимбабве, кој, наводно, има искуство во играње во Манчестер Сити.

Станува збор за Чибаро Тинотенда, кој на челниците на клубот им се претстави како напаѓач, кој своевремено бил капитен во тимот до 21 година на Манчестер Сити, а како доказ приложи и фотографија на која се наоѓа во дресот на Сити.

Меѓутоа, на сликата, на кој не се гледа ниту лицето на фудбалерот, се покажа дека всушност не е тој.

„Играњето за Манчестер Сити беше одлично искуство кое ми помогна да се развијам и како играч и како личност. Играв со некои феноменални играчи, кои ме научија многу работи и ми помогнаа да станам фудбалер каков што сум денеска“, изјави 25-годишниот измамник пред неколку месеци.

На Википедија, луѓето од управата на клубот Слобода виделе дека одиграл 18 натпревари за шкотскиот прволигаш Климарнок.

Тој доби договор во Слобода и дури одигра седум натпревари.

Откако измамата беше откриена, Тинотенда, кој не се запиша во листата на стрелците, исфрлен е од клубот и не ја дочека новата сезона во Србија.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе