Тимот на Аугсбург триумфот во Гензенкирхен го овековечи прославувајќи го на интересен начин.
Најголемото изненадување изминатово коло во германската лига го приреди тимот на Аугсбург. На гостински терен го нокаутираа фаворитот Шалке 04 победувајќи го со 0:3.
Едуард Левен уште по само 6 минути игра ја затресе мрежата на домаќинот, потоа во 76. минута Нигериецот Ноа Саренрен Бази зголеми на 0:2, а конечниот резултат во судиското надополнивање го постави Венецуелецот Серхио Кордова.
Големата победа фудбалерите на Аугсбург ја прославија на интересен начин во соблекувалната. Почитувајќи ги правилата за социјално дистанцирање и без гушкање при прослава, се построија еден до друг со доволно растојание и со маски на лицата го овековечија моментот.
Клубот на Twiiter се пофали пишувајќи „Горди сме на нашиот тим!“.