Лендерот InSight го регистрира најсилниот земјотрес на Марс досега

Лендерот InSight Mars на американската вселенска агенција НАСА го забележа најсилниот земјотрес на Марс досега.

Земјотресот се случил во мај годинава и бил петпати посилен од претходниот „рекордер“. Овој бил со јачина од 4,7 степени.

Друг показател за јачината на земјотресот е фактот што InSight продолжил да регистрира бранови уште десет часа, додека ефектите од сите претходни земјотреси на Црвената планета завршија по еден час.

„Енергијата ослободена од овој земјотрес е еднаква на кумулативната енергија на сите други земјотреси што сме ги виделе досега. Иако е оддалечен 2.000 километри, брановите снимени од InSight речиси го совладаа нашиот сеизмометар“, рече Џон Клитон, сеизмолог во Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих.

InSight беше лансиран во мај 2018 година и слета на Марс на крајот на ноември истата година. Од тој момент, тој ги користи своите инструменти за да открие активност на Црвената планета, која сеизмолошки е многу потивка од Земјата. Следењето на земјотресите дава нови информации за Марс, а движењето на брановите дава нови сознанија за неговата кора, обвивка и јадро.

„За прв пат успеавме да ги идентификуваме површинските бранови кои се движат по кората и горната обвивка, кои патувале низ планетата повеќе пати“, додаде Клинтон.

Сеизмичкиот настан регистриран во мај е исто така невообичаен по тоа што неговиот епицентар не бил блиску до познатите јазли на активност. Дополнително, ги покажа карактеристиките на двата типа земјотреси откриени досега, високофреквентни бранови со брзи, но пократки вибрации и нискофреквентни бранови со поголема амплитуда.

За жал, лендерот InSight има уште помалку од 40 дена живот бидејќи прашина ги покри неговите соларни панели. Сепак, тој значително ги надмина сите очекувања.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе