L'Équipe тврди: Меси ќе си замине ако ПСЖ не ја освои ЛШ

Сагата околу продолжувањето на договорот на Лионел Меси со Пари Сен-Жермен трае откако се врати од Мундијалот во Катар, а угледниот француски дневен весник тврди дека сега се знае и причината за тоа: Меси ќе остане само ако сезонава ПСЖ ја освои Лигата на шампиони.

Првиот тест на патот кон оваа титула е минхенски Баерн кој успеа да слави со 1:0 на првиот осминафинален натпревар во Париз и сега важи за фаворит за пласман во четвртфиналето воочи реваншот на 8 март во Баварија. Доколку тоа се случи, тогаш ПСЖ на Денот на жената ќе знае дека на лето ќе остане без Аргентинецот, кој според последните информации од Каталонија би можел да се смири со Лапорта и да се врати во Барселона за таму да ја заврши кариерата.

Меси во Париз дојде во 2021 година токму од Барса откако каталонскиот клуб се најде во финансиски проблеми. Капитенот на светскиот шампион Аргентина има договор со „Светците“ до 30 јуни годинава.

„Меси не е баш најсреќен во Париз бидејќи очекуваше да има подобри резултати со ПСЖ. Се разбира, главната цел е да ја освои Лигата на шампионите. Преговорите беа во завршна фаза, но Меси се предомисли. Аргентинскиот фудбалер веќе реши да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната, но не сака со својата одлука да ја наруши и онака лошата атмосфера во соблекувалната. Постои шанса Меси да остане во Париз доколку ПСЖ ја освои Лигата на шампионите. Меѓутоа, поблиску е да го напушти Париз отколку да остане“, пишува L'Équipe.

Некои медиуми претходно објавија дека постои можност Меси да ја продолжи кариерата во американската МЛС, Саудиска Арабија или пак да се врати во Барселона.

„Семејството на Меси не се адаптираше многу добро во Париз. Тоа е уште една причина зошто Аргентинецот сака да го напушти Париз. Неговото семејство сака Лео да се врати во Барселона, но тоа не е лесно. Меси му е лут на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, поради начинот на кој мораше да го напушти каталонскиот клуб иако веќе сѐ беше договорено за потпишување на нов договор“, заклучува францускиот весник.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе