Лесен летен ручек: Компир салата со туна и домати

Компир салатата подготвена на овој начин е одличен предлог за лесен ручек во топлите летни денови кога на организмот му треба што полесна храна.

Салатата со компири е многу популарна, а може да се јаде и како прилог, но и како посебен оброк. Најдобро оди со риба, а наш предлог е да направите компир салата со туна и шери домати. Брзо се подготвува, а и заситува.

Потребни состојки:

  • 300 гр компири
  • 1 виолетов кромид
  • 1 лимон
  • 60 гр маслинки
  • 200 гр шери домати
  • 160 гр туна
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • босилок

Подготовка:

Компирите сварете ги без да ги лупите, па откако ќе се изладат излупете ги и исцедете ги. Исечкајте ги на парчиња како за салата и ставете ги во сад за салата. Додадете процедена туна (за салатата да го задржи здравиот ефект не користете туна во конзерва со сончогледово масло, користете или во маслиново или во вода). Додадете и маслинки, шери домати исечкани на половинки и виолетов кромид исечкан на ребра. Потоа прелијте со маслиново масло и сок од лимон, посолете и побиберете па измешајте. На крајот украсете со свеж босилок.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе