Левица прашува: До кога ќе биде затворена спомен-куќата на Делчев во Битола?

Во градот на конзулите постои спомен-куќа на македонскиот револуционер Гоце Делчев, но за жал таа со години е затворена и недостапна за јавноста. Политичката партија Левица се обидува да ја актуелизира темата за оваа спомен-куќа за која се одвојуваат премалку средства за нејзина реставрација.

Фото: Левица

„Деновиве е актуелен проблемот со чествувањето на апостолот на македонската национална борба Гоце Делчев. Но, покрај распродавањето на неговиот идеолошки легат, и спомен-куќата на Делчев во Битола со години е затворена. Причината поради која е затворена е наводно лошата состојба во која се наоѓа објектот“.

Министерството за култура не одобрува или одобрува само 6% од вкупните потребни средства за конзервација и реставрација на фасадата, па според тоа не може да се предвиди кога би била повторно отворена за посетители. Минатата година биле доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, а оваа година со Годишната програма на Министерството за култура се доделени само 350.000 денари, од побараните 5.799.000 денари за целосна реализација на проектот, анализира Левица.

Во оваа куќа Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор отишол во посета на војводата Даме Груев и остварил други средби со истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација, кој на крај завршил како вреден експонат во куќата.

„Распродавањето на културните, идентитетските и националните маркери е модус операнди на оваа власт. Веќе е евидентно дека запуштањето на културното наследство и историските столбови систематски и тенденциозно се спроведува, сѐ во интерес на соседските шовинистичките политики и внатрешното национално разградување“, стои во објавата на политичката партија Левица која во македонскиот парламент е претставена од два пратеника.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе