Левица: СДС и ДПМНЕ со европско знаме го шверцуваа неевропскиот Закон за медиуми

На последната собраниска седница, повторно се потврди дека широката коалиција на Ковачевски и Мицкоски функционира секогаш кога треба да се донесат штетни и антидемократски закони. Имено, со 78 гласа ЗА, пратениците од СДС и ДПМНЕ заеднички ја усвоија потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку шверц со европско знаменце. Единствено пратениците од Левица гласаа против ваквиот коруптивен закон, се вели во соопштението од Левица.

„Со ваквите усвоени измени, се враќа владиното рекламирање во медиумите од владеењето на Груевски, кое беше критикувано од тогашната опозиција и од страна на Европската комисија. Пратениците од Левица, пред една година, со филибастеринг од 1.300 амандмани, го блокираа првиот обид на власта за ваквите скандалозни измени, кои де факто претставуваат легален поткуп на медиумите“, сметаат од партијата. „Хибридниот режим на СДС и ДУИ, преку шверц со европско знаме и во коалиција со лажната опозиција од ДПМНЕ, заеднички го изгласаа поткупот на медиумите, само за да си ги заштитат своите теснопартиски интереси. Владиното финансирање на медиуми во минатото беше нотирано како извор на притисоци и контрола врз медиумите, при што од 2008 до 2015 година, власта на Груевски потроши 38 милиони евра само за две национални телевизии, кои беа мегафони на тогашните владини политики“, додаваат од Левица. „Со ова гласање се потврди дека Левица е единствениот бастион со кој не може да се преговара за непринципиелни работи, кои ги рушат демократските и националните темели на Републиката. Очигледно е дека кохабитацијата на овие три партии непрекинато функционира изминативе три децении и дека корупцијата, која го еродира македонското општество, извира од деструктивните политики на овие истрошени политички субјекти“, тврдат од Левица.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе