Луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик од инфекција со коронавирус

Некои луѓе имаат поголем ризик од инфекција со новиот коронавирус SARS-CoV-2. Најранливите групи вклучуваат стари лица со хронични здравствени состојби, луѓе кои имаат трансплантирано витални органи, лица со одредени малигни заболувања или тешки респираторни заболувања, луѓе со прекумерна тежина...

Најнова студија даде и едно позитивно сознание - луѓето кои имаат нулта крвна група имаат помал ризик да се заразат со вирусот SARS-CoV-2 што предизвикува COVID-19.

Студијата е објавена во Annals of Internal Medicine и вклучува 225.556 испитаници чија просечна возраст е 54 години. Истражувачите откриле дека луѓето со нулта крвна група имаат 12% помал ризик од инфекција со коронавирус отколку луѓето со крвна група А, АБ или Б.

Покрај тоа, нулта крвна група исто така е поврзана со помала смртност од COVID-19. Ризикот од смрт или развој на тежок облик на COVID-19 бил 13% помал кај луѓето кои имале нулта крвна група.

Претходните студии кои ги испитуваа врските помеѓу коронавирусот и крвната група, исто така, имаа слични заклучоци. На пример, студија објавена во списанието Nature во ноември исто така откри дека крвната група влијае на тоа дали некое лице ќе развие посериозна форма на COVID-19.

Во студијата учествувале 14.000 луѓе, а откриено е дека луѓето кои немале нулта крвна група имале „малку зголемена преваленца на инфекција“.

Но, само затоа што имате нулта крвна група не значи дека сте имуни на COVID-19. Голем број фактори влијаат на ризикот од инфекција со коронавирус. За да се заштитите себеси и другите околу вас од коронавирусот, се препорачува да се придржувате до превентивни мерки што вклучуваат носење маска, одржување на физичко растојание, редовно миење на рацете и избегнување на големи собири.

реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Здравје

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Read more

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Read more

Опасни комбинации на суплементи што треба да се избегнуваат

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе