Лукаку влезе во историјата, сруши рекорд стар 60 години

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку постигна 10 погодоци во првите 9 настапи за Манчестер Јунајтед што е најдобар старт на некој играч во историјата на „Црвените Ѓаволи“.

Лукаку во шест настапи во првенството постигна шест голови, во два настапи во Лигата на шампионите постигна 3 погодоци, а беше стрелец и во финалето на Суперкупот против Реал Мадрид.

Досега најдобар старт имаше легендарниот Боби Чарлтон, кој во 1956 година во првите девет настапи за овој клуб постигна 9 погодоци, додека Холанѓанецот Робин Ван Перси во 2012 постигна седум погодоци во девет настапи.

„Лукаку е скромен и има огромна желба да учи. Сака да напредува и неговата амбиција е огромна. Неговите бројки оваа сезона се импресивни“, истакна менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

На претходникот на Лукаку, Златан Ибрахимовиќ, му беа потребни 20 натпревари за да дојде до бројката од 10 постигнати погодоци, додека пак на Ентони Марсијал дури 31 натпревари за да дојде до оваа бројка на голови.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед Вејн Руни успеа да постигне 6 погодоци во првите 10 настапи.

Лукаку ова лето пристигна на „Театарот на соништата“ од редовите на Евертон за 75 милиони евра. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе