Мајкл Џордан возеше џет-ски во Шибеник

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, вчера пристигна на одмор во Хрватска, а по престојот во Сплит, денеска замина во Шибеник, каде што е снимен како ужива во џет-ски вожња.

Џордан е во Хрватска со семејството и пријатели, каде плови со јахтата O'Pari. Станува збор за јахта направена во 2020 година, долга 95 метри и има шест палуби, а нејзината неделна кирија чини дури милион евра.

Легендарниот кошаркарски ас синоќа од својата луксузна јахта ги поздрави насобраните граѓани на Сплит и туристите, а Џордан големо внимание од фановите привлече и денес во Шибеник.

Го посети и Националниот парк Крка, а порталот ŠibenikIN објави ексклузивни снимки како се забавува возејќи џет-ски.

Џордан со Чикаго Булс освои 6 титули во НБА лигата. Првите три ги освои до 1993 година, а потоа, по смртта на неговиот татко, одлучи да игра бејзбол, за потоа да се врати на паркетот во 1995 година.

Потоа освои три нови шампионски титули и повторно се пензионираше, за да се реактивира во 2001 година, по пауза од три сезони. Овојпат играше во дресот на Вашингтон Визардс и тоа на 40 години повторно постигнувајчи просек од преку 20 поени по натпревар.

Во текот на кариерата беше доминантен на двете страни на паркетот. Беше најдобар стрелец во лигата 10 пати, 9 пати се најде во најдобрата дефанзивна петорка, освои 5 титули МВП и 6 шампионски титули, и без сомнение е најдобриот кошаркар на сите времиња.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе