НХЛ 2019/20

Македонецот лизга и тренира: Стамкос ќе ѝ помогне на Тампа во финалето

Повредениот капитен на Тампа Беј Лајтнинг е сѐ поблиску до враќање на мразот иако нема да биде дел на вечерашниот втор натпревар од финалната серија.

Стивен Стамкос, еден од најдобрите канадски хокеари на денешницата, кој по татко е Македонец, полека закрепнува од незгодната повреда на ногата која го тргна од мразот токму во завршницата на сезоната.

Тој нема одиграно натпревар од 25 февруари кога заработи повреда на мускулот па на 2 март мораше да се оперира. Следуваше пауза поради пандемијата, а Стамкос на двапати се враќаше и одново се повредуваше.

Ското цел плеј-оф Стамкос лизга со екипата, но тренира одделно. Очекувањата се дека ќе се врати на мразот во некој од натпреварите од Стенли Куп финалето. Вечерва по полноќ Тампа го игра вториот дуел против Далас Старс, но Стамкос и вечерва ќе ги гледа неговите соиграчи од зад заштитана ограда.

„Мора да бидеме сигурни дека играчот е добро кондициски подготвен. Нема шанси да ризикувам, не во овој дел од сезоната“, рече тренерот на Тампа, Џон Купер, иако се работи за најдобриот играч на екипата.

Тампа Беј Лајтнинг има негатива од 0-1 по првиот натпревар кој ноќта помеѓу сабота и недела го загуби со 4:1 од Далас. Стамкос целата кариера е во Тампа и никогаш не бил поблиску до триумф во НХЛ.

Стамкос е роден во Канада, но по татко е Македонец, додека мајка му е Шкотланѓанка. Татко му Крис е дете на бегалци од селото Арменско, Грција. Како што вели, омилена храна му е „зелник од Баба“.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе