КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023 - ФИНАЛЕ

Македонија ЃП го одбрани пехарот во фудбалскиот куп

Филип Здравески
/ 20.05.2023 / 20:10

Попладнево во Скопје се одигра финалето на 31. издание на Купот на Македонија, а скапоцениот трофеј замина во витрините на Македонија ЃП.

„Лавовите“ се радуваат со пехарот; Фото: ФФМ

Ланскиот освојувач Македонија ЃП се соочи со новопечениот шампион на првата лига - Струга - во финалето кое се одигра на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во склоп на ФФМ. Првично финалето беше закажано да се игра на стадионот „Младост“ во Струмица, но ФФМ се предомисли.

Првото полувреме мина речиси без шанси. Двата тима пружија силна борба што резултираше со малку напади. Во 27. минута Јован Попзлатанов начека расчистена топка по нафрлување корнер, упати удар и го погоди Валентин Кочоски во раката. Судијата Игор Стојчевски без размислување покажа раката кон белата точка. Капитенот Филип Мишевски ја зеде одговорноста шутирајќи по средината, а поранешниот голман ан младите репрезентации на Босна и Херцеговина, велешенецот Ведран Ќосевски, замина лево, па „Лавовите“ поведоа.

Тоа беше сè што се случи во првото полувреме, бидејќи бранителот одлично затвораше, не дозволувајќи ѝ на Струга да стигне до гол Христијан Стевковски. Во 33. минута српскиот стратег на клупата на тимот населбата Ѓорче Петров, Горан Симов, беше принуден да направи измена откако искусниот дефанзивен играч за врска Драган Стојков се повреди и не можеше да продолжи.

По паузата натпреварот малку се промени бидејќи се создадоа неколку шанси. Се играше 77. минута кога Меџит Незири од десната страна му намести на српскиот централен бек Сава Радиќ кој од неколку метри се обиде со главано одлично одбарни Стевковски. Топката се врати во поле, а Фатјон Јусуфи од лево силно ја внесе в гол израмнувајќи го резултатот.

Веднаш по голот силен ветер и дожд го погодија финалето. Неколку минути беше невозможно двете екипи да играат, но натпреварот не беше прекинат. За среќа, лошото време траеше многу кратко. До крајот немаше повеќе голови, па така четврто финале во низа отиде во продолженија.

Во 103. минута интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, Адама Самаке, имаше добар удар за „Лавовите“, но Ќосевски одлично одбрани. Потоа Буњамин шабани се обиде за Струга, но без добра завршница. Продолженијато не донесоа промена на резултатот, па уште едно куп финале замина во пенал-рулет. Ова е четврто финале по ред што се одлучува на пенали, додека вкупно десетто во историјата на македонскиот фудбал.

А пеналите беа прилично невообичаени бидејќи имаше повеќе промашувања отколку голови. Рулетот почна со Таири кој го промаши голот за стружани, но потоа Ќосевски го одбрани шутот на Мишевски. Радески ја погоди гредата, но Личина погоди за водство на Македонија ЃП. Капитенот Шабани го ископира пеналот на Радески и ја погоди гредата, но Ќосевски уште еднаш ја одржа Струга во живот откако го одбрани лошиот шут на Алексовски. Јусуфи мораше да погоди во четвртата серија, но Стевковски го фати неговиот удар, додека Скендери го реализираше својот пенал и ја запечати победата на „Лавовите“.

Македонија ЃП: 1. Христијан Стевковски; 4. Филип Мишевски, 5. Бојан Илиевски, 8. Ѓорги Стоилов (106` Емир Скендери), 10. Арби Воша (75` Матеус да Силва Матеус), 11. Стефан Лазаревиќ, 15. Драган Стојков, 17. Јован Попзлатанов (86` Филип Алексовски), 18. Самир Фазли, 29. Јагу да Силва, 32. Кристијан Стојкоски (75` Есмин Личина); Тренер: Горан Симов.
Струга: 95. Ведран Кјосевски; 6. Меџит Незири, 9. Бесарт Ибраими (75` Укпа Хоган), 10. Бесмир Бојку, 11. Буњамин Шабани, 16. Бесарт Кривањева, 22. Зија Мерџани, 24. Едис Малиќи (46` Фатјон Јусуфи), 25. Сухејљ Мухарем (46` Марјан Радески), 55. Сава Радиќ, 77. Валентин Кочоски (66` Фљамур Таири); Тренер: Шптим Дуро.
Главен судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Ова е трета куп титула за тимот од скопската населба Ѓорче Петров, додека Струга го претрпе првиот пораз во дебитантскиот настап во финалињата. Тоа значи дека Македонија ЃП летово ќе игра во Европа конференциската лига каде како куп-победник ќе стартува од 2. квалификациско коло. Четвртопласираниот на табелата, кратовски Силекс, извиси за пласман во Европа бидејќи се надеваше дека Струга ќе победи за да го добие местото кои го носи купот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе