ЦЕВ ЕУРО 2023

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 18 часот против кодомаќинот Финска во Тампере го започнува својот настап на Европското првенство.

Во своето второ учество на континенталните собири, „црвено – жолтите“ по втор пат во премиерниот натпревар ќе играат против финските одбојкари, кои на ЕП 2019 во неизвесен дуел победија со 3:1.

– Финска не е подобра репрезентација од нас, но сè ќе зависи од нашата верба, храброст и зрелост. Го гледав првиот натпревар со нив и навистина загубивме на ситни работи, а во нашата игра има можност за напредок уште 20 или 30 проценти. Доколку успееме да се подобриме за 10 проценти, мислам дека ќе ги победиме, изјави капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев спроти вечерашниот дуел.

Во второто коло македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот.

Европско првенство, 32. по ред, ќе се игра во Финска, Естонија, Полска и Чешка, а финалето е закажано за 19 септември во Катовице.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Останати спортови

Почина големaта шампионка Малесе откако колабираше на тренинг

Read more

Почина великанот Алекс Ѕанарди

Read more

11-те олимписки медали не ѝ се доволни: Феликс се враќа од пензија за Олимпијадата во Лос Анџелес

Read more

Еден од најдобрите спортисти во историјата на Словенија ја заврши кариерата

Read more
 

Спорт

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Читај повеќе

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Читај повеќе

Истрага ќе го одложи плејоф финалето за пласман во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Читај повеќе

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Читај повеќе