УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Манчини повика дури 37 играчи во италијанската репрезентација

Селекторот на „Аѕурите“ претера со списокот на кој ги испиша имињата на дури 37 фудбалери, четворица од нив голмани, за претстојните натпревари од Лигата на нации.

Италија новата сезона од Лигата на нации ја почнува на 4 септември на домашен терен во Фиренца против селекцијата на Босна и Херцеговина, додека три дена подоцна гостува во Амстердам кај Холандија.

Иако во прашање се само два натпревара, селекторот Роберто Манчини објави список со дури 37 повикани играчи. Најмногу фудбалери се повикани од редовите на Интер и Рома, по 6, а 4 се од шампионот Јувентус. Само тројца на списокот играат надвор од Серија А.

Иако викна дури 37 играчи, на списокот не се најде место за креативецот Марко Верати од ПСЖ, како и за дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли.

Проблем настана со двајца фудбалери и тоа поради коронавирусот. Жоржињо од Челси и Тонали од Бреша мораа да заминат во изолација откако во нивните тимови излегоа позитивни фудбалери со кои двајцата имале контакт. Дополнително ќе биде одлучено дали ќе бидат во комбинација за настап или ќе отпаднат, а во меѓувреме нема да тренираат со репрезентацијата во Коверчано тренинг-центарот.

Голмани:
Алесио Крањо - Каљари
Џанлуиџи Донарума - Милан
Алекс Мерет - Наполи
Салваторе Сиригу - Торино

Одбрана:
Франческо Ачерби - Лацио
Алесандро Бастони - Интер
Кристијано Бираги - Интер
Леонардо Бонучи - Јувентус
Матија Калдара - Аталанта
Џорџо Кјелини - Јувентус
Данило Д'Амброзио - Интер
Џовани Ди Лоренцо - Наполи
Алесандро Флоренци - Рома
Џанлука Манчини - Рома
Лука Пелегрини - Јувентус
Леонардо Спинацола - Рома

Средина:
Николо Барела - Интер
Џакомо Бонавенура - без клуб
Гаетано Кастровили - Фиорентина
Брајан Кристанте - Рома
Жоржињо - Челси (Англија)
Роберто Гаљардини - Интер
Мануел Локатели - Сасуоло
Лоренцо Пелегрини - Рома
Стефано Сенси - Интер
Сандро Тонали - Бреша
Николо Ѕаниоло - Рома

Напад:
Андреа Белоти - Торино
Федерико Бернардески - Јувентус
Франческо Капуто - Сасуоло
Федерико Кјеза - Фиорентина
Стефан Ел Шаарауи - Шанхај Шенхуа (Кина)
Чиро Имобиле - Лацио
Лоренцо Инсиње - Наполи
Моис Кин - Евертон (Англија)
Кевин Лазања - Удинезе
Рикардо Орсолини - Болоња

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Спорт

Македонија - Швајцарија низ објектив

Read more

Македонија - Германија низ објектив

Read more

Ракометниот спектакл Франција - Македонија низ објектив

Read more

Македонија - Англија низ објектив

Read more
 

Фото

  • filter

Поглед во специјалното издание на Renault за Ролан Гарос

Читај повеќе
  • filter

26 април 1986, експлодирала нуклеарната централа во Чернобил

Читај повеќе
  • filter

24 април 1967, космонаутот Владимир Комаров загинал во вселенска мисија

Читај повеќе
  • filter

Обновениот Tesla Model 3 Performance од секој агол

Читај повеќе
  • filter

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Читај повеќе
  • filter

22 април 1500, Португалците го откриле Бразил

Читај повеќе
  • filter

Хиперавтомобилот EXE181 одблизу

Читај повеќе
  • filter

21 април 1918, соборен бил Црвениот Барон

Читај повеќе
  • filter

20 април 1945, Советите го нападнале Берлин

Читај повеќе