Во модерното општество во кое живееме пристапот до, и користењето на интернет е круцијално и секоја година сè повеќе држави и луѓе во светот се поврзуваат онлајн. Сепак, голем дел од државите во светот сè уште немаат интернет, како на пример 90% од од континентот Африка.
Според статистика од Internet Live Statistics, држави кои имаат најмалку интернет корисници се токму афричките држави, потоа Авганистан, Мјанмар, Никарагва и Хондурас, меѓу другите.
Кога станува збор за Македонија, според оваа статистика, 69% од населението е поврзано на интернет.
Според истата статистика Исланд има 100% поврзаност на интернет, а зад него се Норвешка со 98%, Данска 96%, Холандија 94%, Шведска, Финска и Обединентото Кралство со 93%, Обединетите Арапски Емирати со 92%, Јапонија и Естонија со 91%.