Marca: Каде се двајцата играчи кои требаше да бидат иднината на Реал?

Реал Мадрид ја заврши финансиски тешката 2020 година во мал плус и е единствениот голем клуб што успеа да избегне какви било загуби.

Една од причините за ова е што шпанскиот шампион не купи никого ова лето, но се потпре на сопствените играчи и на младите играчи кои беа на позајмица во други клубови. Тоа беше случај со двајцата 22-годишници, Федерико Валверде и Мартин Одегард. Првиот беше еден од најдобрите играчи на Реал до прекинот на сезоната поради коронавирус, а Одегард се истакна во Реал Сосиедад, па Зидан инсистираше на негово враќање од позајмицата бидејќи Реал Сосиедад го сакаше уште една сезона.

Одегард требаше со тек на време да стане замена за Тони Крос, а од Зидан се очекуваше дека многу ќе го користи оваа сезона, а Валверде се очекуваше да продолжи со одлична форма од почетокот на 2020 година.

Но, Валверде и Одегард ги нема никаде, пишува Marca во денешното издание. Талентираните играчи за врска се изгубени оваа сезона. И двајцата имаа проблеми со повреди оваа сезона, но сега кога се здрави Одегард седи на клупа, а Валверде е целосно невидлив.

Зидан верува во „старата гарда“

„Нивната ситуација е многу чудна. Клубот им верува на двајцата и ги обележа како ‘иднината’, но Зинедин Зидан има различни планови. Одегард стана шести играч за врска на Реал од сензацијата во лигата, а Валверде обично излегува од клупата кога некој од недопирливото трио Модриќ-Касемиро-Крос ќе се измори. И додека Валверде сè уште игра, Одегард беше последен во стартната постава на 1 декември против Шахтјор, а откако се врати од полесната повреда има одиграно шест минути на четири натпревар “, пишува Marca и продолжува:

„Очигледно Зидан повторно смета на ветераните, старата гарда која му донесе најголеми успеси во тренерската кариера. Тоа имаше смисла кога тимот продолжи да победува и изгледаше одлично, но сега формата падна и Зидан не менува ништо. Би се очекувало дека ќе ги користи Одегард и Валверде, но не ги користи. Ќе биде интересно да се види како клубот ќе реагира на тоа“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе