Мареј: Болката ја нема, сакам да се вратам на теренот

Енди Мареј објави дека тешката операција на која се подложи била успешна и поранешниот бр.1 во светот се надева дека ќе се врати на теренот уште во текот на летото. Ако Шкотланѓанецот навистина може да ја продолжи кариерата, тој ќе стане првиот професионален тенисер во сингл кој има метал во колкот.

– Сакам да продолжам да играм. Го кажав тоа во Австралија. Проблемот е што не знам дали е можно. Многу среќен сум во споредба со двата месеци пред операцијата. Немам болки во колкот веќе. Долго време имав болка. Рехабилитација е бавна и оди доволно добро, само треба да почекам и да видам како ќе се одвиваат работите. Ако е можно, јас сигурно би сакал да се натпреварувам повторно, изјави Мареј во Лондон за време на спонзорски настан.

На прес-конференција пред Австралија Опен, Мареј рече дека планира да се повлече од тенисот оваа година поради болките. Но по епски натпревар, загубен во пет сета од Роберто Баутиста Агут, Мареј ја омекна својата позиција и не исклучи сепак да ја продолжи кариерата.

Шкотот беше подложен на операцијата на крајот од јануари, а сега сака да игра на „Вимблдон“. Општо земено, идејата беше, ако тој одлучи да не направи операција, Мареј да стави крај на својата кариера на „светата трева“. Сега, сепак, желбата е да се врати на теренот.

За ова да се случи, закрепнувањето мора да оди многу побрзо отколку што се очекуваше. Во случајот на Мареј, целиот зглоб не бил заменет, туку само делумно.

Во американските спортови и хокеј на мраз има случаи на спортисти, кои се вратиле на највисоко ниво, но во тенисот досега единствениот ваков случај е на Боб Брајан, кој на 40 години се врати во турнирите во парови. Во нив, сепак, напорите се многу помали од оние во сингл.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе