Масовна гробница откопана среде Нирнберг - не е од Втората светска војна

Макфакс
/ 07.03.2024 / 08:20

Археолозите велат дека ја откриле најголемата масовна гробница некогаш ископана во Европа. Приближно 1.000 скелети на жртви од чума досега се пронајдени во масовна гробница во центарот на градот Нирнберг.

Остатоците се откриени при археолошки истражувања пред изградбата на нови станбени згради во градот. Мелани Лангбејн, од одделот за наследство во Нирнберг, изјави за CNN дека се идентификувани осум јами, од кои секоја има неколку стотици тела.

„Овие луѓе не беа погребани на вообичаените гробишта, иако идентификувавме гробишта за болни од чума во Нирнберг. Тоа значи голем број мртви луѓе морале да бидат погребани за краток временски период, без оглед на христијанските обичаи за погребување“, рече таа.

Според неа, епидемија како чумата е „повеќе од веројатно“ објаснување за масовната гробница. Од XIV век, Нирнберг неколку пати се соочувал со епидемии на чума, па затоа било тешко да се одреди кога датираат пронајдените скелети.

Археолозите користеле радиојаглеродно датирање и утврдиле дека скелетите од една јама припаѓаат на луѓе кои живееле помеѓу доцните 1400 и раните 1600 години. На локалитетот се пронајдени грнчарски парчиња и монети кои датираат од тој период.

Лангбејн нагласи како откриле белешка од 1634 година во која се опишува појава на чума која убила повеќе од 15.000 луѓе во 1632-1633 година. А, во белешката стои дека речиси 2.000 луѓе биле погребани во близина на Св. Себастијан Спитала, местото на сегашното ископување.

Јулиан Декер, чија компанија In Terra Veritas ги спроведува ископувањата, призна дека бил изненаден од откритието.

„Немаше индикации дека се закопани на ова поле“, истакна тој, додавајќи дека кога биле откриени првите останки, мислел дека тие би можеле да бидат жртви на бомбардирањата од Втората светска војна.

Декер сега верува дека локацијата содржи повеќе од 1.500 скелети. „Јас лично очекувам бројката да биде 2.000 или уште поголема, што ќе ја направи најголемата масовна гробница во Европа“, предвидува тој.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе