Мбапе има најголема плата во Европа, зад него се Кејн и Де Брујне

Килјан Мбапе, напаѓачот на Пари Сен Жермен, има убедливо најголеми примања меѓу фудбалерите во Европа.

Како што објави весникот L'Équipe, платата на Мбапе е речиси трипати поголема од палата на Хари Кејн.

Според францускиот дневен весник, Мбапе заработува шест милиони евра месечно, додека Кејн за 30 дена заработува 2,1 милиони евра.

Англискиот фудбалер всушност е најплатениот играч во Бундеслигата откако минатото лето дојде во Баерн.

Трет на листата на најплатени е играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујнe. Белгиецот во редовите на „граѓаните“ заработува 2,02 милиони евра месечно.

Зад него е соиграчот Ерлинг Холанд со заработка од 1,9 милиони евра, додека во Топ 5 е и Давид Алаба со 1,88 милиони евра. Алаба е најплатениот фудбалер во шпанската Ла Лига.

Следува Роберт Левандовски (Барселона) со 1,86 милиони, зад него се Мохамед Салах (Ливерпул) и Касемиро (Манчестер Јунајтед) со по 1,77 милиони евра.

Рафаел Варан, стоперот на Манчестер јунајтед има приход од 1,73 милиони евра, додека четворица играчи ја комплетираат Топ 10 со еднаква заработка и тоа Винисиус, Џуд Белингем (Реал), Илкај Гундоган (Барселона) и Јан Облак (Атлетико Мадрид) со 1,67 милиони евра.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе