Меџити повика: Преземете ја контролата врз вашето здравје со апликацијата Мое здравје

Сите издадени упати, рецепти, прегледи, дијагнози, лаборатории и податоци за примени вакцини отсега им се достапни не само на лекарите, туку и на пациентите. Во функција е апликацијата Мое здравје која електронски ги обединува податоците од системот Мој термин со податоците од Фондот за здравствено осигурување па пациентите, во секое време и од секое место ќе имаат увид во сопствените здравствени податоци и прегледи како од матичните лекари така и од специјалистите.

„Оваа апликација ќе го смени начинот на управување со нашето здравје. Апликацијата за електронско-здравствена евиденција Мое здравје на секој граѓанин му овозможува увид во сопствените здравствени податоци. Преку Мое здравје можете лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја, детали за рецепти, специјалистички и дијагностички лабораториски и болнички упати, досиеја за имунизација. Сѐ што треба да знаете за вашите здравствени услуги е добро организирано и лесно достапно. Оваа апликација ја става моќта на информацијата директно во вашите раце. Беспрекорна интеграција со системот Мој термин. Сите ваши здравствени податоци автоматски ќе се преземат и синхронизираат. Апликацијата ќе ве поттикне да станете активен учесник во грижата за сопственото здравје. Мое здравје претставува значителен скок напред во нашиот здравствен систем. Го поканувам секој од вас да ја прифати моќта на Мое здравје. Преземете ја контролата врз вашето здравје и добијте вредни сознанија“, рече министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната презентација на апликацијата.

Жаклина Чагоровска од Управата за електронско здравство објасни дека апликацијата веќе е достапна за сите корисници на здравствени услуги во јавното здравство. На неа почнале да работат уште пред ковид-кризата, која ги успорила, а ја направиле за да ги претстават податоците кои досега им биле достапни само на матичните лекари и на лекарите специјалисти.

„Апликацијата е достапна од 12 мај. Можете да ја симнете. Одевме кон тоа да биде едноставна за користење, но да ги содржи оние податоци оптимално кои се потребни кои сега во овој момент можеме да ги пружиме на граѓаните за тие да имаат пристап и да добијат всушност добри информации за кои не е потребно можеби да го посетат својот лекар, туку ќе ги добијат на својот мобилен уред. Апликацијата го претставува вашето електронско здравствено досие. Наменета е за граѓаните од сите возрасти кои сакаат да имаат пристап до своите здравствени податоци. Податоците се преземаат од системот Мој термин кој оваа година навршува 10 години од постоењето и навистина е богат извор на податоци за здравјето“, рече Чагоровска.

Освен на пациентите таа ќе служи и како поддршка за здравствениот систем. Достапна е на македонски, албански и англиски јазик во мобилна и десктоп верзија.

Google Play Store: https://play.google.com/store/apps/details...
Apple App Store: https://apps.apple.com/mk/app/moe-zdravje/id1585980981

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе