Медведев задоволен: Никогаш не сум имал подобар почеток на сезоната

Рускиот тенисер Даниил Медведев изјави дека сака да игра на тврди подлоги и додаде дека очекува добри резултати во остатокот од сезоната на турнирите на земја, пренесуваат американските медиуми.

Медведев синоќа го освои Мастерсот во Мајами, откако со 7:5, 6:3 го совлада Италијанецот Јаник Синер. Со триумфот на Флорида стигна до 18-тата титула на турнири на тврда подлога, а вкупно 19-та во кариерата.

„Кога би се запрашал, би се играло само на тврда подлога. Но, целосно разбирам дека тоа не би било фер. Навистина сакам да играм на тврда подлога“, изјави Медведев, пренесува официјалната веб-страница на АТП и додава:

„Тврдата подлога е местото каде што најдобро ја чувствувам играта. Иако знам дека можам да играм прилично добро и на трева и на земјена подлога, ова е местото каде што мојата игра е најфлуидна. На тврди терени можеби не го играм мојот најдобар тенис, но можам да победувам натпревари. Тоа е голема разлика“.

Рускиот тенисер со триумфот во Мајами стигна до четвртиот трофеј сезонава, по триумфите во Ротердам, Дубаи и Доха.

„Мислам дека никогаш не сум имал толку добар почеток на една сезона. Обично сум најдобар на Австралија Опен, каде двапати стигнав до финалето. Годинава не бев доволно добар во Мелбурн, па затоа сум среќен што успеав да ги свртам работите“.

Медведев пред две години изјави дека не сака да игра на земјена подлога. Никогаш нема освоено турнир на земја, а во финале играше само еднаш и тоа во 2019 година во Барселона.

„Знам дека можам да играм добро и на земјена подлога. Ги победив Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас во Монте Карло во 2019 година, а тоа за мене е одличен резултат на земјена подлога. Ако не го играм мојот најдобар тенис, можам многу полесно да изгубам“, заклучи Медведев.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе