Менхетн ќе добиe самоодржлив пловечки кампус

Пандемијата со коронавирусот го внесе човештвото во нова ера на одржливост и еколошка свест, а компанијата 3deluxe одлучи да направи проект во Менхетн кој ги истакнува токму овие вредности.

Менхетн ќе добие самоодржлив пловечки и еколошки кампус кој ќе генерира енергија и вода за сопствените потреби.

„После шокантната пандемија и социјалната поларизација во последниве години, постои желба за позитивна промена. Време е архитектурата и урбанизмот да изберат поамбициозен пристап за хуманизација на нашиот животен простор“, вели извршниот директор на 3deluxe, Дитер Брел.

Кампусот ќе биде комуникативна платформа што ќе го „заштити целиот живот на копно и море и ќе ги помести границите на дизајнот“, соопшти компанијата.

Креаторите на платформата веруваат дека ваквите градби мора да даваат онолку колку што земаат, така што пловечкиот кампус ќе ги користи најновите технологии за прочистување на воздухот и ќе има ветерници, фотоволтаични системи, офшор електрани и биореактори за да се осигураат минимални емисии и целосно самостојна одржливост. Ова значи дека платформата ќе ја произведе целата неопходна енергија и вода и нема да земе ништо од планетата што не може потоа да го врати.

Покрај тоа, платформата е заштитена од покачување на нивото на морето, што е еден проблем помалку. Во иднина, ако луѓето од Менхетн се решат да сакаат повеќе простор, структурата може да се прошири, а тоа е одлична вест за веќе пренатрупаниот град.

Компанијата 3deluxe ја нарекува структурата „платформа со став кон релевантни социјални теми како што се заштита на климата, природата, споделена одговорност, отвореност и транспарентност“.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Архитектура

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе