Meta овозможи користење на аватари при видеоповици на Messenger и Instagram

Јавна тајна е дека многу луѓе навистина не ги сакаат видеоповиците бидејќи не сакаат луѓето да ги гледаат во различни „изданија“, а сега Meta понуди компромисно решение.

Meta претстави сет на алатки кои носат анимирани аватари во светот на видеоповиците. Компанијата наведува дека тоа е трета опција која си го најде своето место помеѓу гласовните и видеоповиците. Корисникот сега може да учествува во видеоразговори, но на другите учесници ќе им се прикажува само неговиот аватар. Опцијата е веќе достапна за корисниците на Messenger и Instagram.

Meta полека го префрла фокусот на својот систем за создавање аватари, а неодамна беше објавено дека корисниците создале повеќе од милијарда од нив. Креаторот на аватарот овозможува да се создаде речиси совршена дигитална симулација на лицето и телото на корисникот. Системот првично беше направен за употреба во VR апликации, но оттогаш се појави и на паметните телефони.

Треба да се каже дека креаторот на аватарот дозволува и „додавање“ нозе на аватарот, но тие нема да бидат видливи за време на видеоповиците. Од Meta велат дека постојано работат на подобрување на системот за создавање аватари и дека во наредниот период ќе пристигнат пореални и текстурирани анимации.

Дополнително, не постои правило дека дигиталниот аватар на корисникот мора да одговара на неговиот вистински изглед.

Тагови
реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Read more

Софтвер

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Read more

Google во 2024 ќе go воведе Gemini AI иако има проблем со прашања кои не се на англиски

Read more

Апликацијата Google Messages достигна милијарда корисници, доби 7 новитети

Read more

Дали ги знаете 10-те најкорисни кратенки во Microsoft Word?

Read more
 

Гик

Една од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото за кратко време

Читај повеќе
  • play_arrow

Избрани најдобрите видеоигри за 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива кои органи стареат најбрзо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Читај повеќе

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Читај повеќе

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Читај повеќе

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Читај повеќе
  • filter

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Читај повеќе