Метеор помина над Мексико со брзина од 20.000 км/ч
Огромна огнена топка го осветли небото над Акапулко и Мексико Сити рано наутро во неделата.
Според Кобос Аријага, претседател на Астрономското здружение на Акапулко, метеорот се движел со брзина од околу 20.000 км/ч.
Се проценува дека метеорот има дијаметар од 500 метри.
Очевидецот Хорхе Дијаз Хенри го сними овој несекојдневен феномен и ја сподели снимката на социјалните мрежи.